Полицискиот шеф на округот Хајленд, Дон Елвел, изјави дека повеќе луѓе биле застрелани во “заложничката криза” во SunTrust во градот Себринг, Флорида, објави СНН.
Елвел изјавил за Си-Ен-Ен дека инцидентот започна во средата напладне.
https://www.facebook.com/WPLGLocal10/videos/2268223013415192/?t=0
Тој потврди дека некои луѓе се повредени, но сè уште не е познато дали се повредени вработени во банката или клиентите.
На видеото што ја покажува областа пред банката, се гледаат полициски возила и амбулантни возила.
Медицинскиот персонал влегол во банката откако влезот на стаклото беше скршен.
Членовите на семејството на вработените и клиентите, соработниците и пријателите се собраале во блискиот ресторан.
Градот Себринг се наоѓа во областа Хајландс во Флорида. Во неа има повеќе од 10.000 жители. Банката SunTrust се наоѓа помеѓу Езерото Џексон и Малото Езеро Џексон.
