ИЗМИР (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во турскиот град Измир најави дека на 5 март ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Франција Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а тема на состанокот ќе биде состојбата во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го посети местото Бергама, во близина на Идлиб, каде се обрати пред собраните граѓани. Потсети дека во текот на последните телефонски разговори со лидерите на Русија, Франција и Германија ја пренел решителноста на Турција за решавање на прашањето за Идлиб.
„Повторно ќе се состанеме на 5 март и ќе разговараме за овие теми”, рече Ердоган.
Ердоган изјави дека за ситуацијата во Идлиб разговарал со Путин, Макрон и Меркел и дека по неопходните проценки за ситуацијата во Сирија е дефинирана мапата на патот.
Пренесува: „Dubai-Portal“
Пишува: „Anadolu Ajansı“